Авиопревозникот Пегасус ќе го поврзе Скопје со Азија и Европа

Bez autora
Aug 14 2011

Нискотарифниот турски авиопревозник "Пегасус" од 15 август почнува да лета на релациите Скопје-Истанбул-Скопје и Скопје-Измир-Скопје. Цената на билетот во еден правец е 29,99 евра, со вклучени такси. Авионите на "Пегасус" до Истанбул и назад ќе летаат во вторник, четврток и недела, а до Измир и назад во понеделник и петок. Преку Истанбул, компанијата нуди можност и за сите што патуваат до азиските и европските дестинации. "Пегасус" оперира со летови од Истанбул до 19 домашни и 28 меѓународни дестинации. Патниците кои патуваат од Скопје преку Истанбул може лесно да се поврзат со популарните дестинации како што се Амстердам, Берлин, Стокхолм, Бејрут, Милано, Брисел, Базел, Копенхаген, Дизелдорф, Северен Кипар, Рим, Минхен, Париз, Лондон, Штутгарт, Виена и Цирих. Билетите се достапни преку авторизирани агенции и преку сајтот на "Пегасус" www.flypgs.com.

Авиопревозникот Пегасус ќе го поврзе Скопје со Азија и ЕвропаНискотарифниот турски авиопревозник "Пегасус" од 15 август почнува да лета на релациите Скопје-Истанбул-Скопје и Скопје-Измир-Скопје.

Цената на билетот во еден правец е 29,99 евра, со вклучени такси. Авионите на "Пегасус" до Истанбул и назад ќе летаат во вторник, четврток и недела, а до Измир и назад во понеделник и петок. Преку Истанбул, компанијата нуди можност и за сите што патуваат до азиските и европските дестинации. 

"Пегасус" оперира со летови од Истанбул до 19 домашни и 28 меѓународни дестинации. Патниците кои патуваат од Скопје преку Истанбул може лесно да се поврзат со популарните дестинации како што се Амстердам, Берлин, Стокхолм, Бејрут, Милано, Брисел, Базел, Копенхаген, Дизелдорф, Северен Кипар, Рим, Минхен, Париз, Лондон, Штутгарт, Виена и Цирих.Билетите се достапни преку авторизирани агенции и преку сајтот на "Пегасус" www.flypgs.com. Безбедноста на патниците на "Пегасус" ја гарантира и користењето на новите авиони (Боинг 737-800). Флотата на компанијата до 2015 година ќе биде засилена со уште 40 вакви летала.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik